Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон овие денови има полни раце работа. Дневно се појавува барем еднаш на некој настан, а неретки се ситуациите каде мора да помине и на неколку локации, за работниот ден да го заврши на некоја работна вечера.
Утринава таа се појави пред детската клиника во Лондон облечена во комплет со потписот на Долче и Габана.
Војвотката од Кембриџ на себе си имала кратка, но широка сукња до над колена. Кога излезе од автомобилот лондонскиот ветар силно дувнал, а Кејт за малку ќе останела без неа. Меѓутоа,. војвотката успеала на време да ја зграби сукњата и да се спаси себе си од скандал од големи размери.
Инаку, ова не е прва прилика во која Кејт има проблеми со сукњата. Во текот на првите години откако ги доби кралските должности, војвотката носеше сукњи со слични кроеви а ветрот често и беше непријател. Меѓутоа, по тие скандали таа доби наредба од кралицата да носи сукњи со потесен крој, примерна должина и од потешки материјали.