Режисерката на “Медена земја“Тамара Котевска на својот Фејсбук профил објави селфи заедно со режисерот Љубомир Стефанов, продуцентот Атанас Георгиев и кинематограферите Самир Љума и Феми Даут со легендите на Холивуд – Роберт де Ниро, Ал Пачино, Леонардо ди Каприо, Квентин Тарантино и многу други.
„Да појаснам. Не стоев јас до него… Тој стои до мене. (Јас имам две номинации оваа година)“ напиша Тамара во прилог на фотографиите на кои стои до холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо.
Инаку, фотките се од свеченоста во театарот „Долби“ во Лос Анџелес,