Англискиот весник Мирор, тврди дека се појавија фотографија од болничкиот кревет на Михаел Шумахер, фотографија која е направена во 2019 година, во неговата резиденција во Женева, Швајцарија.
Фотографијата била понудена на одредени медиуми за 1,2 милиони евра (1,5 милион фунти), но штом таа информација дошла до семејството Шумахер, сопругата на Михаел, Корина веднаш повикала полиција и случајот им го пријавила, за да се спречи фотографијата доколку навистина постои, да се најде на црниот пазар.
Инаку, повеќе од 6 години Михаел Шумахер буквално „вегетира“ и за него нема достојни информации околу неговото здравје .Семејството на Шумахер се определило за целосна приватност и во секое време крие детали за неговото здравје од јавноста.