Почина синот на хрватскиот пејач

by Тони Зографски

Тага во семејството на хрватскиот пејач Здравко Шкендер по ненадејната смрт на неговиот 39 годишен син Томислав. Шкендер веста ја сподели на Фејсбук.

– Со длабока болка ги известуваме сите роднини, пријатели и познаници дека нашиот драг татко, син и брат господин Томислав Шкендер почина во петокот 17 јануари 2020 година во 39 година од животот- објави Здравко на својот Фејсбук профил.

Инаку, Здравко Шкендер, во1980 години имаше сообраќајна несреќа по која остана во инвалидска количка. Тој последните 4 години се повлече од музичката сцена.

Синот Томислав и ќерката Кристина, пејачот ги доби во бракот со сопругата Ангелка.

 

останати вести