Панчо и Андреј од “ДНК“ вчера во Велес го посетија болната мајка Ангела и синот Јордан кој сам се грижи за нејзиното здравје. На нивниот Фејсбук профил тие напишаа:
“По вчерашната потресна сторија на новинарот Влатко Тевчев на Телевизија 24 и потресната приказна за велешанецот Јордан (40год.) кои самостојно се грижи за својата болна мајка Ангела (72год) која доживеала тежок мозочен удар пред петнаесетина години одвоивме време и отидовме да помогнеме онолку колку ни дозволува нашиот буџет. Тетка Ангела беше пресреќна дури не покани да седнеме до неа и си поразговаравме малце не само за лошите работи. Иако болна и со синот Јордан оставени на цедило од државата беа одлични домаќини и ни се заблагодарија за тоа што сме одвоиле време и средства за да им помогнем. Јас само би додал дека така се сака МАЈКА, бидејќи е една, а токму нејзиниот син Јордан е пример за сите нас. Секогаш со неа и до неа, посветувајќи и го несебично неговиот живот, но на кого друг би го посветил ако не на жената која го донела на овој свет и го изгледала и пружала безусловна љубов .Факт дека живеат во прелоши лоши услови но благодарение на сите добри лиѓе веруваат дека условите ќе им се подобрат и дека ќе може да живеат еден нормалн живот како што доликува за секое човечко суштество. Ние дониравме храна, средства за хигиена, шпорет на дрва и дева во соработка со нашите долгогодишни соработници, а сите вие кој можете и сакате да помогнете исконтактирај те го Јордан на следниот број : 074 600 659“, напишаа тие на Фејсбук профилот на ДНК.
Инаку, откако Телевизија 24 ја објави сторијата за ужасните услови во кои живеат Јордан и Ангела, од завчера колони возила, камиони и трактори, натоварени со огревно дрво, храна, хигиена и покуќнина од утрово чекаат пред домот на семејството Јованови.