Бизнисменот Орце Камчев, осомничен во истрагата „Империја“ понудил 2,2 милиони евра како гаранција за да му биде вратен пасошот.
Одлуката ќе ја носи апелациониот суд во четврток. Камчев и претходно понуди слична сума пред кривичниот суд, но му беше одбиена..
Откако му беа одземени македонскиот и бугарскиот пасош, Камчев лани во мај успеа да добие времена нова патна исправа од Катица Јанева додека таа сè уште беше специјална обвинителка.
Случајот “Империја“ е во фаза на истрага и го води обвинителката Лиле Стфанова..