Дел од пратениците ќе донираат за децата од „Медена земја“ и за куќата на Атиџе

by Тони Зографски

Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија се прикучија на повикот за донирање на децата од „Медена земја“.

– Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, со голем интерес го проследи повикот за донирање на децата од „Медена земја“, и потребата за средување на кровот во куќата за Атиџе, во Дорфулија, споделен од новинарот Фуркан Салиу. Веднаш одлучивме да се приклулиме кон донаторите и ги повикуваме колегите да го следат нашиот пример. Воедно, бидејќи Владата во вторник има седница истото го очекуваме и од министрите и замениците министри. Апел за донирање праќаме и до компаниите и до сите кои имаат можност за тоа – информираа тие.

Линк за донирање:

https://honeyland.earth/donate-for-the-honeyland-kids

останати вести