840
Францускиот тенисер Елиот Беншетри беше засрамен од судијата откако на меч од квалификациите за Австралија Опен побара од девојчето што собира топчиња да му ја излупи бананата.
Тој беше на пауза на мечот со Казакстанецот Димитри Попла кога бананата и ја даде на девојчето што собира топки да му ја излупи. Веднаш реагираше судијата Џон Блом и го натера сам да си ја излупи бананата и му објасни дека децата што собираат топки не се должни да извршуваат вакви услуги.
Сепак, Французинот се пласира во првото коло од официјалниот дел на Австралија Опен, но се очекува публиката да не му биде наклонета.
