САМО 2 НЕДЕЛИ ПО ПОРОДУВАЊЕТО: Камерон Диаз во фармерки е позгодна од порано (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската глумица Камерон Диаз (47) на стартот на 2020 стана мајка на ќерката Редикс во брак со рокерот Бенџи Мадем (40). Претходно, со месеци се шпекулираше дека Камерон е бремена, но се помина во тајност, дури и самото породување, бидејќи таа и нејзиниот сопруг не сакаа да потврдат ниту да демантираат се до почетокот на јануари кога објави дека стана мајка.

Само две недели после породувањето глумицата е фотографирана во џемпер и фармерки додека излегува од куќата на нејзините пријатели каде што била на посета, а во рацете носела очила, мобилен телефон и торба. Иако изгледа помалку уморено и исцрпено, се приметува нејзината совршена линија која успеа да ја врати само по две недели откако стана мајка.

 

останати вести