Славниот моден креатор Жан Пол Готје најави повлекување од модната сцена. Готје информира дека неговата ревија на високата мода идната среда во Париз ќе биде „последната“ по 50-те години кариера, и порача дека ќе започне нов проект со својата модна куќа.
„На 22-ри јануари 2020 година ќе прославам 50 години кариера во модата со голема ревија на високата мода во ‘Театр ду Шале’ . Тоа ќе биде мојата последна ревија“, наведува краторот во соопштението за медиумите кое го цитира агенцијата АФП.
„Но бидете сигурни дека куќата ‘Кутур Готје Пари’ продолжува со проектот чиј покренувач сум јас, а кој наскоро ќе ви биде откриен“, додава 67-годишниот Готје во објавата среде париската Модна недела, малку пред почетокот на ревиите во понеделник.
Син на сметководител растен во близината на Париз, Готје од мали нозе шиел со својата баба. Креирише здолништа за мажи во 1984 година, бидејќи за него „мажот својата машкост не ја носи со облеката, туку таа му е во главата“.
Францускиот стилист, кој кариерата ја започна во модната куќа „Пјер Карден“е неизбежна фигура во светот на модата, откако во 1980-те години направи пресврт во модните правила. Автор е на легендарните креации, како корсетот со зашилен градник за Мадона. Благодарејќи на францускиот стилист, Мадона прва го покажа градите на едан од неговите ревии.
Готје во текот на кариерата дизајнираше и за Бијонсе, а го креираше костимот на Мила Јовович во “Петиот елемнт“.