Некогашниот познат тениски пар Марија Шарапова и Григор Димитров направија вистинско шоу на турнирот Кујонг Класик во Австралија.
Имено, додека бугарскиот тенисер играше против Борно Чориќ, на коментаторскиот пулт се најде атрактивната Русинка. Во еден момент Бугаринот се заинтересира што разговараат Шарапова и официјалниот коментатор.
-Разговараме за тебе. Каква ти е ова жолта работа на тебе? – го прашала таа, алудирајќи на шорцот што Димитров го носел.
-Не ти се допаѓа? Навистина? Мислев дека сакаша кога носам жолто. Луѓето се менуваат – одговорил тој.
На прашањето кога раскинале, Шарапова во шеговиот тон кратко одговорила:
-Неодамна.
https://twitter.com/i/status/1217212085219680256