Глумецот Стен Кирш кој настапуваше го сериите “Пријатели“ и “Хајлендер“ се обеси во 51 година од животот. Според известувањето на ТМЗ, Кирш го пронашла неговата сопруга Кристин Грин во купатилото на нивната куќа. Итната помош брзо стигнала, но глумецот веќе бил мртов.
Кристин Грин рекла дека тој “трагично“ починал во саботата у дека нивното училиште за глума “Sten Kirš Stjudios” ќе биде затворено. Истовремено Кристин побарала од медиумите да и се дозволи приватност.
Инаку, Стен во “Пријатели“ ја играше улогата на Итан, средношколец кој се претставуваше како студент за да ја заведе постарата од него Моника.