Пејачот Владо Георгиев на Твитер објави фотографија од неговиот автомобил со скршен и откинат ретровизор. Тој на Твитер пишува дека последниве неколку дена во Златибор контиунирано му се прави штета на неговиот автомобил, а полицијата не превзема ништо.
Владо крадците ги “почасти“ со низа навреди.
-Вака изгледа автомобил кога некој ќе му го скрши и украде ретровизорот. Нека ти е на здравје крадецу, со здравје да си го трошиш. Среќна нова, многу затворски спомени ти посакувам од срце. Сакам да напоменам дека последниве денови организирана екипа краде коли по Златибор, а полицијата не прави ношто. Не знам… но знам – напиша Владо на Твитер.
фото: Д. Удовичиќ