Кумановец завчера изгребал 50.000 евра на грепка во Нирнберг, во германската покраина Баварија објави kumanovonews.mk
Тој за порталот раскажал додека патувал кон Македонија застанал на бензинска пумпа да се одмори и притоа се одлучил да си ја проба среќата.
– Не сум редовен играч на лото ниту пак на спортска прогноза. Од забава купив еден лоз кој чинеше 2 евра. Почнав да гребам и на две места ми се појавија по 50.000 евра. Почна да ме обзема возбуда, но не верував дека ќе добијам нешто. Кога ја изгребав и последната од трите исти бројки не можам да ви го опишам чувството. Помешани емоции од неизмерна среќа до неверување дека ја добив главната премија.
Тој рекол дека нема план за што ќе ги потроши парите, но бидејќи гради куќа добредојден му е секој денар, а не толку голема сума на пари.