Во ек на скандалот со вработен во Централен регистар на РСМ, кој ѝ се закануваше на новинаркта Мери Јордановска, но и на директорката Марија Бошковска Јанковски и на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, официјалната ФБ страница од утрината осамна со скандалозни постови.
По оваа порака следуваат и дуги оставени од некој кој ја хакирал или има пристап за администрирање на оваа ФБ страница.
Од вчера е актуелна аферата со Емил Јакимовски, член на ВМРО ДПМНЕ кој на социјалните мрежи им се заканува на јавни личности. Тој во времето на Груевски е вработен во Централен регистар, а покрај малтретирањето луѓе на социјалните мрежи има проблеми со поведението и законот. Неодамна беше уапсен по кражба на бензинска пумпа.
Директорката на Централен регистар, Марија Бошковска Јанковски вчера најави дисциплинска мерка против него.
,,Централниот регистар на Република Северна Македонија најостро ги осудува заканите на вработениот Емил Јакимовски преку Интернет врз новинарката и заменик-уредникот на А1он Мери Јордановска.
Сакаме да истакнеме дека поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во Централниот регистар на Република Северна Македонија против Емил Јакимовски веќе е отворена дисциплинска постапка. Комисијата се уште нема одлука, бидејќи вработениот Емил Јакимовски веќе неколку месеци е на боледување.
Исто така во изминатиот период во МВР има повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од истото лице. Меѓу пријавите поднесени во МВР е и пријавата поднесена од мене лично како директор на Централен регистар Република Северна Македонија ,каде во изминатиот период сум мета на постојани напади и закани од Емил Јакимовски“- реагираше вчера директорката.
Инаку, интернет и фб страницата на оваа институција не се постојано ажурирани и на нив нема многу актуелни информации.
Извор: Ако.мк