Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски кој пред две години го доби четвртото дете, пролетва ќе стане татко на уште едно.
Милошоски и неговата неколку години помлада сопруга Симона ќе станат побогати за уште едно детенце, потврди пратеникот за Фактор.
Убавата вест пратеникот веќе ја споделил со своите блиски пријатели и колеги а покрај трите ќерки и единствениот син, Милошоски очекуваат машко бебе.
Пратеникот не ја крие возбудата, а од бракот со Симона досега ги имаат ќерките Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12).
Инаку, со раѓањето на петтото дете, Антонио Милошоски ќе стане првиот македонски политичар кој има многудетно семејство, во вистинска смисла на зборот. Досега заеднички го делеа рекордот со Влатко Ѓорчев, кој со сопругата Сузана, има 4 деца: Марта, Филип, Никола и Катерина.