Сопругата на југословенската актерска легенда Данило Бата Стојковиќ, Олга почина во петокот после долга и тешка болест, истиот ден кога и Неда Арнериќ со која биле големи пријателки. Олга која била вработена во белградскиот театар“Атеље 212“ е сведок на најзначајните моменти во создавањето на белградската театарска сцена.
Таа повеќе од три децении беше сопруга и голема подршка на Бата Стојковиќ кој почина во 2002 година. Се запознале во театар, а се венчале во голема тајност во 1991 година бидејќи Бата никогаш не сакал да дава и интервјуа и да се фотографира.
“ Кога излегувавме после венчавката ромчиња почнаа да викаат: “Куме изгоре ти кеса“ а Бата им свика “Марш у п…. материну“ – раскажала Олга во едно интервју .
Бата и Олга немаа деца, но имале неколку штитеници за кои се грижеле.