По одлуката Меган Маркл и принцот Хари да се повлечат од обврските на кралското семејство и да станат финасиски независни, војвотката од Сасекс замина за Канада каде што веќе некое време се наоѓа нејзиниот син Арчи. Истовремено принцот Хари остана во Лондон на преговори со татко му, принцот Чарлс и баба му, кралицата Елизабета Втора околу постигнување на договор околу поволно напуштање на кралските должности.
Кралските инсајдери сметаат дека преговорите на Хари со семејството може да потрае подолго.
“ Тоа е нивна иднина и нивен живот. Нема така лесно да се откажат од своите досегашни улоги во кралството“, изјавил извор од кралскиот двор за “Телеграф“.
Истовремено, кралицата Елизабета од дворска администрација побарала да најде изводливо решение, односно, нацрт кој не би се однесувал само за Хари и Меган, туку би се применил и на следните кралски генерации кои ќе одлучат да ги напуштат своите улоги во британската монархија.
Инаку, интересно е што во меѓувреме Меган Маркл се согласила да го позајми својот глас за потребите на продукциската куќа „Disney“, која за возврат ќе донира средства за институција за заштита на слоновите, објави во сабота лондонски The Times.