Позната српска актерка Неда Арнериќ почина денеска на 67-годишна возраст. Телото го пронашол нејзиниот брат во трпезарија, пренесува Телеграф.рс. Нема знаци на насилство, а полицијата и брзата помош се наоѓаат во домот.
Неда имаше тежок период во животот по смртта на нејзиниот сопруг, а пред неколку години се обиде и да си го одземе животот.
Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера. Во својата долга кариера, таа има повеќе од 110 филмски и телевизиски улоги и 40 претстави.
Македонската публика ја запозна по улогата на Делфина, во култниот филм „Исправи се Делфина“.