Македонските ракометари ја покрија додавката Северна која стоеше пред Македонија на автоусот со кој се возат на Европското првенство (ЕП) во Австрија кое почна вчера.
На автобусот кој што им е даден на користење на избраниците на селекторот Данило Брестовац, пишува North Macedonia, името кое го налага и ЕХФ, но ракометарите се сетија да ја покријат North ставајќи македонско знаме токму над додавката. Сега на автобусот си пишува само Team Macedonia, како што беше случај на сите првенства досега.