Холивудската глумица Селма Хајек (53) на Инстаграм објави видео кое само за еден еден ден собра милион “лајкови“. На нејзината секси става не останал рамнодушен ни Антонио Бандерас.
Имено, глумицата се подготвувала за емисијата “The Tonight Show”, па снимила неколку кратки видеа на кои “џуска“ на латино музика. Снимките ги спои во едно видео кое го објави на Инстаграм.
На видеото се гледа дека Селма е одлично расположена а нејзиното газе е во преден план. Особено бил воодушевен Антонио Бандерас, кој напишал краток ама јасен коментар: “Оле“.