Викторија Јаначковиќ јавноста ја познава како некогашна мисица, манекенка, топ модел…На времето Викторија жареше и палеше на модните писти, ја гледавме на многу рекламни кампањи, билборди, а беше заштитно лице и на неколку модни брендови.
Дипломираниот стоматолог кој еден период живееше во Лондон, повторно се активира во модниот свет. Таа во моментов соработува со модната куќа „Елена Лука“ и се почесто имаме прилика да ја гледаме во улога на модел.
Исторемено згодната Викторија во последно време е доста активна и на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде понекогаш знае да објави и провокативна фотка.
Викторија Јаначковиќ денеска своите следбеници ги почести со фотографија на која позира во црна проѕирна блуза, под која не носи градник.