Една од јапонските цреши кои во ноември минатата година беа насадени на улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје некој ја искршил и ја оставил на тротоарот.
На Фејсбук групата на движењето „Не биди ѓубре“ се објавени фотографии од искршената цреша .
“На кого ли му сметаше? Искршена една од ново насадените јапонски цреши“, пишува под фотографиите.
Претходно, старите јапонски цреше беа исечени од градските власти со образложение дека биле зафатени од габична инфекција.