Холвудската глумица Клои Севињи, ѕвезда на хит серијата “Американската хорор приказна“ откри дека е во петтиот месец од бременоста, а татко е Србинот Синиша Мачковиќ, директор на галеријата Карма во Њујорк.
Клои на социјалните мрежи и за американскиот портал ТМЗ ја открила радосната вест.
Инаку, Клои и Синиша во врска се една година, а прв пат заедно се сликани во август, 2019 година. Пред да биде во врска со Србинот, глумицата еден период беше заедно со бившото момче на Кортни Кардашијан, Лук Сабато.