Гастоз се „начукал“ во диско, Кумановец го научил на добро однесување

by Marjan Velevski

Ненад Маринковиќ Гастоз завршил во болница во Куманово во ноќта на реприза на Нова година. Тој бил во еден клуб во Македонија, каде што предизвикал инцидент од кој излегол со расечена усна. Според очевидците, Гастоз провоцирал гости на локалот и не се грижел за опомените да се смири.
– Гастоз беше пијан и ги провоцираше сите околу себе, ги понижуваше луѓето, зборуваше сешто. Додека не се разнесе од алкохол, се беше во ред. Но кога се одзема, стана сосема поинаков. Во еден момент, налета на боксер кој му рече да ги остави луѓето на раат. Но, Гастоз како да се изнервира од тоа и почна да дивее уште повеќе. Му се внесе на боксерот во лице, го провоцираше и го навредуваше. Тогаш на овој му пукна филмот, па го удри двапати во пределот на лицето. Гастоз падна на земја. Сам не можеше ниту да стане, па му помогнаа да застане на нозе- додаваат очевидците.
Бидејќи му течела крв од устата, Гастоз бил однесен во болница, каде што му ја зашиле раната.
Извор: курир.рс

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com