Младата американска раперка Лекси Алиџај која во февруари ќе полнеше 22 години, почина по сомнителни и неразјаснети околности. Нејзината смрт ја потврди семејството и нејзината дискографска куќа.
Лекси се прослави со обработка на песни на познати музички звезди како што е Дрејк. Минатата година го издаде својот дебитантски албум и ѝ предвидуваа голема кариера.
“Луѓето велат да не ја преиспитуваме божјата одлука, но во овој момент тешко е тоа да не се стори. Зошто баш ти, душо? Ова што го нарекуваме живот е вистински пекол. Срцето ми е скршено на илјада парчиња, солзи ми капат додека ова го пишувам. Лекси, те сакам повеќе од што можеш да замислиш“, се прости од неа нејзината пријателка Келани.
https://www.instagram.com/p/B6mPBs3Hm8v/?utm_source=ig_web_button_share_sheet