Британскиот глумец Ричард Гибсон кој се прослави во улогата на гестаповецот Хер Флик од култната серија “Ало, ало“ во новогодишната ноќ наполни 66 години. По 37 години откако се снимаше серијата сега ретко кој би го препознал.
Гибсон е роден во Уганда, а откако заврши со снимањето на “Ало, ало“, со Ким Хартман, која ја глумеше фаталната Хелге, настапуваше ширум Европа изведувајќи скечеви.
Тој е во брак со колешката Кејт Гибсон со која има два сина.
Инаку, на заедничката фотографија што на „Инстаграм“. ја сподели Вики Мишел позната по улогата на Мишел, Ричард Гибсон е во друштво уште и со Ким Хартман (Хелга) и Гај Синер (капетан Грубер).