Традицијата продолжува што се однесува до тркачите на “NRC – Nike + Run Club Skopje“ . Како секој 1 јануари така и овој прв ден на годината, на скопскиот кеј се собраа над педесеттина тркачи кој ја направија “трчачката“ елка.
Од сите возрасти, кој со дедомразовски капи, кој со разни новогодишни реквизити, под палката на тренерот Кокан Ајановски се наредија на скалите на кејот, и ја формираа “трчачката“ елка.
Потоа, по сончевото време, тркачи со лесно темпо за уживање, истрчаа 5 километри.