Македонската актерка Јана Стојановска, ќерка на легендарниот актер Ненад и Силвија која во моментов е во домашен притвор, во септември првпат се оствари во улогата на мајка, кога на свет го донесе синот Ненад.
Таа на социјалните мрежи објави фотографија од синот.
Инаку, Јана се породи во седмиот месец од бременоста, кога престојувала во Романија каде што нејзиниот сопруг, Андрија Бојиќ бил ангажиран за кошаркарски клуб. Актерката на својот син му го даде името Ненад, по нејзиниот починат татко, aктерската легенда Ненад Стојановски.