Еден од најпознатите телевизиски готвачи Гордон Ремзи (53) очигледно добро се грижи за своето тело. Тој на својот Инстаграм профил постави семејна фотографија со синовите Џек (19) и едногодишниот Оскар. “Тројката“ позираше на една од плажите на Малдивите.
-Нов шорц за Божиќ – напиша Гордон на фотката која за крато рок собра повеќе од пола милион “лајкови“.
Вниманието на неговиот фанови особено го привлече телото на 53-годишниот готвач. Шкотот може да се пофали со стомачни мускули за кои доби пофалби од неговите следбеници.
“Никогаш не би рекол да изгледаш така добро, Како момче. Па ти имаш и плочки“, му порача една негова обожавателка.
Инаку, Гордон Ремзи е татко на пет деца.