Македонската алпинистка Илина Арсова успеа да го реализира проектот седум врвови на седум континенти. Таа го развиори македонското знаме на врвот Винсон висок 4892 метри на Антартикот и со тоа ја комплетираше мисијата 7 врвови.
“Мисијата 7 врвови е завршена! Македонското знаме на врвот Винсон 4892м на Антарктикот со ладни раце, но топло срце. Со ова искачување станав прва жена од нашата земја и една од 60 во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти (по Меснерова листа), како врвен успех во планинарските спортови. Незаборавно искуство и прекрасно чувство! Огромна благодарност до Агенција за Млади и Спорт и Федерација за планинарски спортови, како и сите останати поддржувачи, спонзори и пријатели кои веруваа и беа со мене. Нека ова биде поттик за сите вас да верувате во невозможното и да сонувате бидејќи со многу воља, упорност и труд, порано или подоцна соништата се остваруваат“, напиша Илина Арсова на својот Фејсбук.