Војводата од Сасекс принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја прекршија долгогодишната традиција кога одлучија Божиќ да не го поминат со кралското семејство, туку да се упатат на одмор со својот син Арчи. Кралскиот пар одлучи празничните денови да се искористи за апсолутна приватност, па се упатии на островот Ванкувер, на западната обала на Канада.
Иако многу од мештаните биле одушевени што принцот и војвотката ќе бидат на нивниот остров, сепак на еден локален пар им сметало нивното присуство. Имено, принцот Хари и војвотката Меган Маркл планирале да поминат романтична вечера во ресторанот “Deep Cove Chalet“, но нивната резервација била одбиена.
Бев и Пјер Кофел кои го водат ресторанот не го сакале кралскиот пар во својот локал. Како што тие истакнале, не сакаа да ги минат маките кои подразбираат подготвување вечера за кралската двојка и неговото обезбедување.
Бев Кофел додала дека сака Хари и Меган убаво да си поминат на нивниот остров, но не сака да ги нагости во нејзиниот ресторан.