Друштвото ПИ „Витаминка“ АД Прилеп, го усвои планот за работа за 2020 година на седницата на Одбор на директори одржана на 18.12.2019 година.
– Предвидувањата во планот за работа се базирани врз основа на: Реалните пазарни очекувања, продажните проекции и можности за пласман на нашите производи на постоечките и новите пазари; Зголемување на продуктивноста и ефикасноста во искористувањето на сопствените ресурси и потенцијали; Намалување на поедини групи на трошоци во одредени сегменти – велат од компанијата.
Имајќи ја предвид среднорочната стратегија за развој на друштвото и во 2020 година продолжува со инвестирање со цел следење на развојните процеси.
Основно инвестициите се однесуваат на модернизирање и автоматизирање на техничко-технолошките процеси, зголемување на постоечките капацитети, воведување на нови производни линии, градежна реконструкција и адаптација на производни хали и магацини за складирање.
Планираните вкупни приходи од оперативното работење на друштвото се позиционирани на износ од приближно 52.416.000 евра. Од вака планираните вкупни приходи 60 % се планирани да се оствараат на домашниот пазар, а 40% да се оставараат на странски пазари.
Како приоритети на продажба е зголемување на продажбата на домашниот пазар, како и на зголемување на продажбата во балканските земји.
Остварувањето на финансискиот план ќе ја зголеми добивката на друштвото за 5 -10 %.