Поминаа 35 години од прво појавување на Надреалистите на програмата на тогашната телевизија Сараево. Им се смеевме тогаш, им се смееме и денес. Всушност, никогаш не престанавме да се смееме со нив. Тие станаа толку популарни што дури и некои нивни фрази и зборови почнаа да се користат во секојдневниот жаргон “Ма здравоо”, “еден Шахбаз, мого нас жик”, “Во Шведска немири..зздравоооо” …
Надреалистите (Топ листа надреалиста) е серијал кој во текот на 80-тите и 90-тите години се емитуваше на ТВ Сараево. На социјалните мрежи го сметаат за најголем тв проект на поранешна Југославија. Серијата е главно создадена по скица формат како одраз на политичка и социјална сатира. Таа беше многу популарна во поранешна Југославија. Се смета дека во многу аспекти ја профилираше ситуацијата во поранешна Југославија, а особено во Босна и Херцеговина пред војната и за време на 90-тите години. Многу време по распадот на поранешната држава обично ги слушавме меланхоличните коментари дека “изгледа тие знаеа што ќе се случи”, “се предвидоа”, “се погодија”.
Инаку, Топ листа надреалиста прво се имитуваше како радио емисија наречена “Примус“(приказни и музика во сабота). Од надреалисте се формираа и три музички групи: Забрането пушење, Елвис Џ, Куртовиќ, Црвен јабука,
Инаку, првата телевизиска епизода е прикажана на 2 јуни 1984 години. Втората сезона е снимена четири години подоцна кога Топ листа надреалиста доби култен статус. Третиот сериал беше снимен пред почетокот на војната во 1991 година. За Новата 1992 година е емитувана последната епизода.
Кога започна војната Неле отиде во Белград, Ѓуро во Словенија, Зенит останал во Сараево и снимаше Топ листа надреалиста која доживеа успех во Босна и Херцеговина. Двајца членови на надреалистите денеска не се меѓу живите. Дражен Ричи кој свиреше и во Црвена Јабука загина во сообраќајка во 1986 година, а Давор Дујмовиќ кој настапуваше и во филмот “Дом за бесење“ на Костурица, изврши самоубиство.