МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛЕР СТАНА ХРВАТСКИ ЗЕТ: Ристе и Лана се венчаа во Загреб (ФОТО)

by Тони Зографски

Македонскиот фудбалер Ристе Митревски завчера се ожени со Лана Јурчевиќ. Тие прво се венчаа во црквата „Свети Марко“, а потоа имаа свадбена веселба во еден познат ресторан во Загреб. На свадбата биле и поранешните соиграчи на Митревски  од „Металург“,  Марко Симоновски и Оливер Пеев.

Според пишувањета на хрватските медиуми Лана носела венчаница од тантела, а Ристе бил облечен во елегантен црн костум.

Ристо Митрески  кој сега игра за кипарскиот клуб „Еносис Неон Паралимни“ има 28 години а порано беше члена на младата фудбалска репрезентација на Македонија. Тој има настапувано за Работнички, Победа, Металург, Тетекс, како и за Сараево, српскиот Доњи Срем и израелскиот Хапоел Хаифа. Неговиот иден дедо, поранешниот хрватски селектор Никола Јурчевиќ, претходно на два пати беше тренер на загрепски Динамо.

Инаку, 25- годишната убавица Лана е бремена, а со Митрески се сретнале додека тој играл за хрватскиот прволигаш Истра 1961.

останати вести