СИ ТЕРА ПО СВОЕ: Северина прво го пушти синот во Грција, па стави фотка од него на Инстаграм (ФОТО)

by Тони Зографски

Бизнисменот Милан Поповиќ добива нови адути во борбата за старателството по последните непромислени постапки на Северина кога е во прашање нивниот син Александар.

Прво. Северина, без грижа на совест, му дала дозвола на сопругот Игор Којиќ да го земе детето откај Поповиќ и самиот да го одведе до манастирот Хиландер во Грција, без тоа да биде најавено во судот. Наводно, патот до манастирот на Хиландер е лош и небезбеден, а има и долго пешачење. Којиќ нема дозвола да го спроведува детето низ две држави и да го внесе во трета.

„Јас бев шокиран кога дознав, и сè уште сум“, рекол Поповиќ, кој за синот дознал од еден новинар.

Исто така иако има забрана да го експонира синот на социјалните мрежи, Северина на Инстаграм објави слика од Александар, а подоцна ја тргна. Во прилог на фотката таа ги ставила стиховите од големиот хит на Оливер Драгоевиќ “Галеб и ја“.

 

останати вести