Рускиот претседател Владимир Путин никаде не оди без својот бел термос. А, сега откри што има во него.
Имено, Путин рекол дека наместо црн чај пие чај од алтајски треви.
„Знаете, јас дури и не пијам црн чај…Пијам чај од тревки од Алтај“, рекол Путин на состанокот за земјоделие и рурални краишта, пренесува порталот „Russia beyond”.
Интересно е дека оваа година на официјалната вечера во јапонскиот град Осака медиумите снимиле како рускиот претседател наздравува со колегите претседатели со термосот.
„Работата е во тоа што Путин постојано пие чај од тој термос“, изјавил Песков.