Актерот и поранешен прв човек на Драмски театар, Сашо Тасевски денеска на својот Фејсбук профил напиша пост околу престојните избори:
“Какви недоквакани ја бранат власта. Додуша власта си ги избра. Требало излегувањето на избори да биде обврзно. Кој не гласа да одговара.
Помалоумно нешто немам слушнато… А сум го слушал и порано…
Тоа се тие мали хитлерчиња скриени во кожа на демократи, гејфрендли, политички коректни, божем начитани, а со интелигенција на лопата.
Значи, правото да не излезеш на гласање е исто демократско право. Особено кога имаш избор да гласаш само помеѓу топло и ладно гомно.
Или важи бе, ќе излеземе да гласаме, ама сменете го изборниот модел, отворени листи, една изборна единица. Ама нешто не им се сака.
Мора само они да владеат и да се менуваат ко чорапи. Црвените па сините… И така до бескрај. Како инаку би се амнестирале од криминалите што ги прават за да се одржат во лигата на милионери.
Затоа оние владини приглупи гомца кои ви велат дека мора да се гласа, дека тоа некаде е законска обврска, ставете ги на таквото и љуљајте ги малку.