Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски објави статус на Фејсбук по повод претепувањето на неговиот партиски колега и екс градоначалник на Гази Баба, Тони Трајовски.
“Синоќа се случи брутално претепување на мојот пријател Тони Трајковски. Бидејки се споменува моето име сакам да ве информирам за одредени детали кои во јавноста најверојатно ненамерно добија лош призвук. Синоќа заедно со Тони околу половина час се шетавме по патеката покрај парк шумата Гази Баба. Патеката е на стотина метри пред зградата кај што живее Тони. Веројатно насилниците чекале тој да остане сам. Нападот се случил по нашето разделување. Крајно кукавички е во мрак да нападнеш и да избегаш. Полицијата мора веднаш да ги пронајде насилниците и да ги изведе пред лицето на правдата.“ стои во Фејсбук статусот на поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.
Инаку, Тони Трајковски вчера пријавил дека бил нападнат од две лица поради наводна кавга за куче. Додека пешачел во близина на „Ремедика“, во скопска Железара сретнал две лица кои шетале расно куче, но без поводник и маска. Трајковски изреагирал и им кажал дека му е страв и потоа прво започнале вербална расправија, а потоа и физички го нападнале.