Холивудскиот актер Пирс Броснан (65) и неговата сопруга Кили Шај Смет во брак се 18 години и таа го следи на сите негови снимања. Кили е често цел на критики на јавноста поради нејзината килажа, но на Пирс тоа воопшто не му смета.
“ Кили ја има силата без која не можам да живеам. Кога ќе ме погледне, веднаш се наежувам. Кили е столб на семејството и секој ден и кажувам колку ја сакам. И зборувам колку е убава и дека се ова ќе го немав да не беше таа – вели заљубениот глумец кој е фотографиран од папараците како со Кили возат велосипеди во Малибу.
Инаку, актерот кој се смета за еден од најзгодните во Холивуд, во 1994 година ја сретна Кили во Мексико, а седум години подоцна се венчаа во Ирска. Тој и е посветен веќе 24 години.
Претходно, Броснан беше во брак со актерката Касандра Харис која во 1991 година почина од рак. Тој во 2013 ја загуби и посвоената ќерка Шарлот која исто така почина од рак.