Бродот „Илинден“ изваден од каналот „Студенчишта“ – објави порталот ohrid1.com. Граѓаните за жал овој брод го паметат по трагична историја. На 5 септември 2009 година во 10:30 часот, „Илинден“ потона со 57 патници, од кои 15 туристи од Република Бугарија го загубија животот.
“После долг век служба, на заслужен одмор… Бродот не е само метал. Тој има душа, тој е жив. Секој брод има своја историја која е врежана во животот на тие околу него. За брод се врзува емотивно! Противречат само оние кои не знаат за што пишувам“, напиша на својот Фејсбук профил капетанот на капетанија на пристаништата Горан Устијаноски.
фото: ФБ Горан Устијаноски