Австралискиот премиер Скот Морисон се извини затоа што отишол на семеен одмор на Хаваи додека критичната ситуација со пожарите во Австралија дополнително се влошува .Ненајавениот одмор на премиерот во овој момент предизвика и критики од јавноста, а набрзо на социјалните мрежи се појавија пароли како што се „Каде си СкоМо“, „Каде си по ѓаволите“ и „Отказ за Морисон“.
Тој денес потврди за радио станицата „2ГБ“ дека е на островот со Хаваи со семејството. Додаде дека редовно добива информации за пожарите и последиците од минатонеделната ерупција на вулканот во Нов Зеланд во кој загинаа 11 Австралијанци.
– Длабоко жалам доколку моето заминување со семејството на одмор во овој период навреди некој од бројните Австралијци погодени од страшните пожари. Имајќи ги во предвид најновите трагчни настани, ќе се вратам во Сиднеј што побрзо – рече Морисон.
Инаку, во пожарите кои од септември беснеат во Австралија загинаа осум лица, а уништени се повеќе од 700 кучи и изгореа милиони хектари шума. Во момент владее и рекорден топлотен бран, а вчера беше прогласена и вонредна состојба.