37-годишна учителка од Нов Зеланд е осудена е на две и пол години затвор поради сексуален однос со двајца ученици. Жена, вработена во колеџот Бленхејм на Северниот остров, во 2018-та година повеќе пати за време на големиот одмор ги изнесувала учениците од училиштето за да има сексуален однос со нив во нејзиниот автомобил.
Таа е омажена за полицаец, а во училиштето работела 12 години пред да ѝ биде одземено правото за настава поради однос со тинејџери, пренесува “Daily Mail“.
Судијата Тони Зохбар на суд изјавил дека учителката на децата им испраќала експлицитни содржини на социјалните мрежи и им се заканувала на никого да не кажуваат.
Адвокатот на наставничката тврди дека домашниот притвор би бил најдобар начин на рехабилитација за неа поради проблемите со менталното здравје.