Во Каламата, Грција, 45 годишен државјанин на Албанија ја запали својата 39 годишна жена, и после тоа и сам себеси си се запалил, пренесува Топ Чанел.
Според грчките медиуми целиот настан се случил во нивниот дом, додека силните извици на жената ги алармирале соседите. Парот имал расправија, нешто што според соседите се случувало често. Целиот настан според информациите се случил заради љубомора.
Жената се здобила со сериозни повреди и се бори за живот, додека мажот исто така се здобил со повреди и завршил во болница.
За среќа, децата не биле дома кога се случил инцидентот, а била потребна интервенција и на пожарникарите за да се изгасне огнот.