Тања Гуровиќ за Курир.рс откри како нејзиниот сопруг, поранешниот српски кошаркар Милан Гуровиќ кој е уапсен за семејно насилство, пред два месеци толку силно ја удрил со бокс што сѝ ја скршил раката.
“Јас и мојот сопруг веќе година и пол имаме проблеми во бракот поради неговата љубомора. Константно ме обвинува дека го изневерувам и ова не е прв пат да ме удри. Пред два месеци, имавме кавга. па Милан толку силно ме удри со тупаница во глава при што сѝ ја скрши раката и мораше три недели да носи гипс. Се надевав деке тоа повеќе нема да се повтори, и молчев поради децата“ – изјавила Тања.
Инаку, пред три дена Милан Гуровиќ во семејниот стан во Белград физички ги нападнал сопругата Тања и 16-годишната ќерка Милица. Кошаркарот по инцидентот изјавил дека веќе подолг период сака да се разведе од сопругата, но таа не сака развод.
На Гуровиќ му беше одреден 48-часовен притвор.