На 15-годишна возраст почина младиот британски актер и танчер Џек Барнс. Бил пронајден мртов во својата куќа во Гринок, а причината за смртта се уште не е позната.
Барнс беше член на танцовата академија Елит, а поради својот неверојатен талент на само девет години доби место во престижната балетска школа во Глазгов, поради што го нарекоа новиот Били Елиот, пренесува Метро.
Освен танчерската кариера и неговата актерска кариера беше во подем, па се појави во неколку серии а публиката најмногу ќе го памети по хитот„Outlander“ на Нетфликс.
https://www.instagram.com/p/B58EXTjDIAq/?utm_source=ig_web_button_share_sheet