Изборниот автобус на претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, направил сообраќајна несреќа, при што удрил во друг автомобил, а возачот на автобусот не застанал,
Оштетената Силвија Солдо во разговор за РТЛ рекла дека несреќата се случила на „незгодна и доста тесна улица“.
– Јас и синот бевме во автомобилот и забележавме дека претседателската поворка оди кон нас. Пред нас имаше автомобил кој сврте малку во десно – рекла Солдо и додала:
– Удрен е целиот лев дел од автомобилот, откорнат е ретровизорот, а најмногу е оштетена задната врата каде седеше мојот син. Тој малку удри со коленото. Го боли, па мора на преглед кај хирург.