Голем скандал во Шпанија ја згорози цела Европа, откако навивач ѝ се заканил на судијката, која едвај имала 16 години на еден регионален меч на Канарските острови дека ќе ја силува, па фубалерите морале да притрчаат за да го спасат девојчето.
На Канарските острови играле Чилега и Хандиа, кога среде меч се случил болниот напад од еден навивач, кој младата судијка, која била помошник на мечот.
„Ќе те фатам надвор после мечот, па ќе те силувам!“, ѝ рекол навивачот на судијката.
Морале да интервенираат навивачите за да спречат и физички напад кон девојчето, а и да го избркаат идиотот од трибините.
Ова не е првпат на Канарските острови да се случи ваков голем инцидент, зашто неодамна, други неколку навивачи им упатувале смртни закани на судиите на мечот Кордоба – Фемаргин.