Тајванскиот модел и глумец Годфри Гао почина од срцев удар среде снимањето на реалното шоу„Chase me“ во КИНА, во кое натпреварувачите мораат да имаат исклучителна физичка подготвеност со цел да им одговорат на сите предизвици во реалното шоу.
Според извештаите, 35-годишникот паднал додека трчал. Тој бил пренесен во болница, но веднаш бил прогласен за мртов, пренесува Си-Ен-Ен.
– Трчаше и само падна. На сетот дојде итна помош која веднаш започна да го реанимира и го префрли во болница, изјавија од продуцентската куќа која го снима реалното шоу. „За жал по два часа обидување да го вратат во живот, тој таму доживеал уште еден срцев удар“, додадоа тие.
Инаку, Гао беше првиот азиски модел на луксузниот бренд Луј Витон. Тој глумеше во бројни телевизиски драми и филмови, вклучувајќи ја и улогата во холивудскиот филм „The Mortal Instruments: City of Bones “.