Виенската шницла не била виенска

by Тони Зографски

Виенската шницла (Wiener schnitzel) попозната меѓу народот како бечка шницла, е традиционално австриско и германско јадење. Но, малкумина Австријци знаат од каде доаѓа телешкото месо кое е главна состојка на ова јадење.

-Дури 60 отсто од угостителските објекти користат телешко месо од Холандија – изјавил директорот на работната група “Говедско“ Вернер Хаберман.

Според него, увозот е поради големиот ценовен притисок и малиот број на австриски фармери кои одгледуваат телиња.

-Виенската шницла во нашите ресторани е всушност холандска шницла – додал Хаберман.

 

останати вести